Хрватска енциклопедија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хрватска енциклопедија (хрватски: Hrvatska enciklopedija) — национална енциклопедија на Хрватска која ја издава Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“[1] (порано „Југословенски лексикографски завод“).
Remove ads
Историјат

Проектот започнал во 1999 г. и претставува петти ваков потфат, почнувајќи од Хрватска енциклопедија на Мате Ујевиќ и продолжила како Општа енциклопедија на Југословенскиот лексикографски завод, како и две изданија на Општа енциклопедија.[1]
Во периодот од 1999 до 2009 г. се издадени единаесет тома — по еден том годишно. Почувајќи од 2010 г. се изготвува семрежно издание на енциклопедијата, дополнета со нови мултимедијални содржини.[2] Слободното семрежно издание е пуштено во септември 2013 г. Печатењето е запрено и сета понатамошна работа се одвива исклучиво во бази на податоци, кои се основа за семрежното и други мултимедијални изданија на енциклопедијата.[3]
Remove ads
Томови
Печатените томови опфаќаат вкупно 9.272 страници, содржат 67.077 статии со вкупно 1.059.000 реда текст.[3] Делото е здружена работа на 1.070 автори, претежно соработници.[3] Секој еден томо е работа на 20 до 30 вработени во Лексикограгскиот завод и 300-400 соработници.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads