Хризостомос Хрисомалидис

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хризостомос Хрисомалидис
Remove ads

Хрисостомос Хрисомалидис, познат како Пападракос (грчки: Χρυσόστομος Χρυσομαλλίδης, Παπαδράκος) бил грчки свештеник, член на Елиномакедонскиот комитет, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Хрисостомос Хрисомалидис е роден 1872 година во гратчето Ираклија, Источна Тракија, тогаш во Османлиското Царство. Учел при грчкото училиште во Зарифи в Пловдив, а подоцна станал ајдут во Тракија.

Потоа завршил духовна богословија во Халки кај Германос Каравангелис. Во 1987 година како доброволец учествувал во Грчко-турската војна.

Во 1904 година се вклучил во Елиномакедонскиот комитет, на 13 ноември 1904 година навлегол во Македонија со четите на Георгиос Цондос и Алексис Караливанос и се судрил со Македонската револуционерна организација, а соработувал и со Георгиос Макрис[1].

На 4 декември 1904 година во Либешево го ликвидирал војводата Костандо Живков [2]. Во подоцнежниот период дејствувал и со Павлос Гипарис.

По напуштањето на Македонија се оженил и создал семејство [3]. Станал свештеник на гробишта во Атина. Во текот на Првата балканска војна учествувал како доброволец и служел како свештеник во грчката армија [4]

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads