Хромозом 2 (човек)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Вториот човечки хромозом или хромозомот 2 е еден од 23 пара на хромозоми кај луѓето. Луѓето обично имаат по две копии од овој хромозом. Тој е воедно и вториот најголем хромозом во човечкиот кариотип, кој опфаќа или е составен од 237 милиони базни парови.[1] (градбените единки на ДНК) и претставува речиси 8% од вкупната ДНК во клетките.

Thumb
Генски локуси на 2 човечки хромозом.

Бројот на гени кои се наоѓаат на овој хромозом значително варира. Најверојатно овој хромозом содржи 1491 ген, вклучувајќи го и HOXD хомеобокс генскиот збир (кластер), кој ја одредува положбата на сите делови од телото (глава, гради, екстремитети).

Remove ads

Еволуција

За хромозомот 2 се мисли дека е настанат по пат на соединување на два хромозома-предци.[2][3] Доказите за ова се:

  • Сличноста на хромозомот 2 со два мајмунски хромозоми. Најблискиот човечки роднина, бонобо, има скоро идентични ДНК-низи со вториот човечки хромозом, но тие се наоѓаат на два одделни хромозома. Ист е случајот и кај подалечните роднини-горилата и орангутанот.[4][5]
  • Присуството на вестигален центромер. Обично еден хромозом поседува само еден центромер, но хромозомот 2 се забележуваат и остатоци од втор центромер.[6]
  • Присуството на вестигални теломери. Овие структури најчесто се наоѓаат на краевите од секој хромозом, но кај хромозомот 2 се забележуваат додатни теломерни низи во неговиот средиштен регион.[7]

Според горните тврдења, хромозомот 2 е силен доказ за заедничкото потекло на луѓето и останатите човеколики мајмуни.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads