Хрсово (Светиврачко)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хрсово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Хрсово се наоѓа на 22 километри јужно од Свети Врач, во Светиврачко-петричката Котлина во југозападниот дел од планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 301 метри, а релјефот е планински. Атарот на селото зафаќа површина од 1.198 км2. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 520 мм. Низ територијата на селото тече реката Мелник. Во Хрсово се одгледуваат на 1200 хектари лозови насади. Винаријата „Хрсово“ се наоѓа во селото.
Remove ads
Историја
Османлиско Ццарарство
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Црквата „Свети Атанасиј“ била изградена во 1860 година и се наоѓа на највисокиот дел од селото. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Големо Хрсово (Golémo Hërsovo) е село со 87 семејства и 310 Македонци, додека Мало Хрсово (Malo Hërsovo) е село со 11 семејства и 38 Македонци[1][2].
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Хрсово, село на север од Кромидово, до Катунци. Лежи на еден рид 1⁄2 час до Бистрица и Мелничка Река и од другата страна. Има богати ниви и лозја. Грчка црква и училиште со 14 ученици. 110 куќи, бугарски.[1][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 582 жители, сите Македонци[1][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 720 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 42 ученици[1][5].
За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано од страна на грчката армија, а 100 куќи биле запалени[6].
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Во 1932 година во селото била основана лозарската кооперација „Мелничка лоза“. Кон 1935 година, таа броела 56 членови[8].
Remove ads
Население[1][9]
![]() |
Личности
- Родени во Хрсово
- Атанас Василев Ангелов (1920 - ?), бугарски комунист[11]
- Борислав Владиков (р. 1934) бугарски поет
- Димитар Г. Алексиев, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[12]
- Димитар Стаменов (1862 – 1939), македонски еволуционер и просветен деец
- Костадин Штерков (1882 – 1939), македонски еволуционер и просветен деец
- Починати во Хрсово
- Константин Деспотов (1864 - 1932), градоначалник на Сер во времето на Првата светска војна[13]
- Поврзани со Хрсово
- Валентин Караманчев (р. 1932), писател
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

