Истрага на местото на злосторството: Мајами

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Истрага на местото на злосторството: Мајами (англиски: CSI: Miami) — популарна и наградувана американска телевизиска серија. Серијата за првпат се прикажа во 2002 година и досега има освоено една Еми награда за најдобра серија во 2003 година, а следната година повторно беше номинирана, но победата ја однесоа колегите од серијалот ЦСИ: Лас Вегас.

Кратки факти CSI: Miami, Создадена од ...

Во Македонија, серијата се емитува на А1 телевизија.

Remove ads

Синопсис

Одделот за истрага во Мајами ја има истата функција како и нивните колеги од Лас Вегас, Њујорк. Нивната лабораторија е помала од оние во Лас Вегас и Њујорк, но ја има истата функција, разрешување на сите видови на криминални дејствија, а специјалност им се убиствата во градот познат кај Рајска метропола.

Шеф на одделот е поручник Хорацио Кејн (en.Lt.Horatio Caine), кој на тоа место доаѓа по заминувањето на Меган Донер. Крстен е по писателот Хорацио Алгер. Израснат во Мајами и одлично го познава уличниот живот и при истрагите секогаш се води по инстиктот. Негова специјалност се бомбашките напади, бидејќи и самиот бил дел од таква екипа, па одлично се разбира во монтирање и демонтирање на бомби. Хорацио го игра глумецот Дејвид Карузо.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads