Цветко Смилевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Цветко Смилевски е македонски образовен деец кој се има истакнато како педагог, учебникар, раководител, консултант, и основоположник на менаџерското образование во Македонија[1].

Приватен живот

Роден е во 1947 година во Сливово, општина Дебрца, каде што го минува најраното детство и го завршува првото одделение. По низа преселби низ пелагониските села, семејството гради куќа во Битола. Во новата градска средина го завршува средното училиште и активно се вклучува во работата на неколку организации, како што се клубот на младите писатели „Стале Попов“, Сојузот на комунисти на Македонија, и Општинскиот одбор на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија. При крајот на третата година од средното образование, на битолското Тумбе Кафе ја запознава својата идна сопруга, Цена. По завршувањето на средното училиште заминува на школување во Високата индустриско-педагошка школа во Риека како стипендист на Министерството за образование. Во текот на студиите активно учествува во Клубот на младите писатели и ја врши должноста претседател на студентската организација. При крајот на студиите стапува во брак со Цена, со која имаат две деца, Горазд и Здравко. Дипломира и магистрира на Високата школа во Риека, а докторира на Философскиот факултет во Скопје[2].

Remove ads

Работен век

По завршувањето на студиите, Цветко се вработува како професор по машинската група предмети во тогашниот Електромашински училиштен центар „Ѓуро Салај“ во Битола, сега Средно општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“, каде што наскоро почнува да се грижи за иницирање и координирање на активностите на унапредување на наставата. По ставањето на училиштето во принудна управа, избран е за претседател на кризниот Одбор. Како вклучен во реформските процеси во средното образование, избран е за самостоен педагошки советник за електро-машинска струка во штотуку формираниот Републички завод за унапредување на образованието и воспитувањето. Десетгодишната работа во Заводот ја завршува како негов директор, по што започнува со работа во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Во 1991 година ја основа студиската програма за кадровски менаџмент, со што образованието за менаџмент станува дел од македонската академска заедница. Набрзо потоа, во соработка со Мастришката школа за менаџмент, ги воведува првите постдипломски студии за менаџмент (МБА) во Македонија. Подоцна истата година ја основа сопствената образовно-консултантска фирма ДЕТРА Центар. Во 1995 учествува во формирањето на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола, каде што подоцна ги основа постдипломските студии по методики на настава. Во 2008 година го напушта Факултетот за да ја оствари својата долгогодишна визија за приватна високошколска институција, Бизнис Академијата Смилевски, каде што е основачкиот директор.

Remove ads

Области на придонес

Тој е плоден академски автор, со над 200 објавени трудови.

Афирмација и ширење на менаџментот и претприемаштвото

На почетокот на 1990те, Цветко ја согледува важноста на менаџментот и претприемаштвото за претстоечката транзиција од планското стопанство кон пазарното и го објавува еден од првите трудови на оваа тема[3], по кој следи првата монографија на македонски јазик од оваа област[4]. Неколку години подоцна, заедно со група коавтори, објавува книга за афирмација водството во Македонија[5]. Во 2012 придонесува труд[6] од областа на компаниската конкурентност, а една година подоцна се јавува како коавтор на модел за академска настава од областа на менаџментот[7].

Aкадемски придонес

Во 1989 излегува од печат двотомната Педагошка енциклопедија[8] во која тој е најзастапениот автор од Република Македонија, со 19 одредници од областа на стручното и политехничкото образование. Во 2012 објавува универзитетски учебник од областа на методологијата на научните истражувања[9].

Стручни концепти

Како консултант за организациски промени, тој е автор на консултантската методологија СКИТОП[10], како и на интегрален модел за организациско учење[11][12]. Понатаму, се јавува како автор на модели за одржливо водство[13] и за ефективни организациски промени[14].

Институциски развој на образованието за менаџмент

Својот теоретски придонесот кон академските основи на менаџментот Цветко го надополнува во праксата преку институционализирање на повеќе образовни облици, како што се консултантско-обучувачката фирма Детра Центар, училиштето за странски јазици, компјутери, и креативност Фанскул, како и Центарот за интернационален менаџмент, за да кулминира со основањето на Бизнис академијата Смилевски, како облик на академско претприемништво кој го формализира образованието испорачувано низ активностите на Детра во текот на претходната деценија[2].

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads