Центар-Долина на Лоара
регион во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Центар-Долина на Лоара (француски: Centre-Val de Loire), порано само Центар (Centre) — еден од 26-те региони во Франција, сместен северозападно од вистинскиот центар на земјата, околу Долината на Лоара. Главен град е Орлеан, а најголем е Тур.
Remove ads
Знаменитости
Најголема знаменитост во регионот е Долината на Лоара. Карактеристични за ова подрачје се плодните долини долж реката Лоара и нејзините притоки: Шер, Енр, Лоаре. Тука се наоѓаат прочуените замоци на Лоара, кои привлекуваат голем број туристи во регионот.
Назив и промена
До промената во 3015 г., името на регионот било чисто географско и нема друго значење. Ова се должи на фактот што регионот е составен од преголем број на историски покраини за да има едно име. Меѓутоа, регионот не е географски центар на Франција. Оттука, многумина сметале дека ова име е неточно, но и премногу безлично.
На 17 јануари 2015 г. регионот е преименуван во Центар-Долина на Лоара, за да се одрази фактот што во него се наоѓа ова познато културно-историско поречие.
Remove ads
Поголеми градови
Поврзано
- Сен Беноа ди Со
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads