Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга
културна установа во Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Центар за култура „Браќа Миладиновци“ ― културна установа во Струга. Центарот за култура е главен носител на културни, уметнички и просветни активности во Струга. Установата е наречена по македонските преродбеници Браќа Миладиновци. Во рамките на Центарот работи Матичната библиотека.
Remove ads
Историја
Матичната библиотека во Струга била создадена во 1944 година, веднаш по ослободувањето на градот. Подоцна во 1959 година, била донесена одлука сите културно образовни установи да бидат обединети во единствен Дом на култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.[1]

Во октомври 2021 година, во рамки на проектот „Градиме култура, сликаме култура - мурали за 30 години независност“, уметникот Горан Ристовски насликал на јужната страна на зградата на Центарот за култура, мурал со ликот на Владо Малески, струшкиот вез и дел од текстот на химната „Денес над Македонија“ односно делото на Малески.[2]
Remove ads
Галерија
- Влезот на Центарот за култура
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads