Централно отворање

From Wikipedia, the free encyclopedia

Централно отворање
Remove ads

Централното отворање е шаховско отворање кое настанува со потезите:

1. e4 e5
2. d4 exd4
3. Dxd4
Кратки факти Централно отворање, Потези ...

Речиси секогаш црниот, по овие потези игра 3...Sc6, развивајќи фигура и добивајќи на време со нападот на белата дама.

Централното отворање е старо отворање. Од 1900, ова отворање ја изгубило својата популарност, бидејќи немало начин како може белиот да дојде до предност. Меѓу последните големи шахисти кои го играле ова отворање се: Мизес, Тартаковер и Шпилман. По Првата светска војна, ова отворање ретко се играло од страна на врвниоте шахисти, сѐ до неговото поново оживување од страна на Александар Шабалов во осумдесеттите. Од денешните врвни играчи големи придонеси во теоријата на ова отворање имаат дадено Алексеј Широв, Мајкл Адамс, Јудит Полгар и Александар Морозевич кои го фаворизираат црниот во неколку играни линии.

Белиот успева во отстранувањето на црниот e-пешак и отворањето на d-вертикалата, но како цена за тоа го плаќа раното изнесување на дамата која црниот ја напаѓа со темпо, развивајќи го својот коњ. Со наклонетост на белиот, по 4.De3, највообичаен одговор е одигрувањето на потегот 4...d5. Од e3, белата дама може подоцна да се помести на g3 , од каде ќе врши притисок на полето g7.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads