Цигански Гробишта (Радолишта)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цигански Гробишта — археолошко наоѓалиште во струшкото село Радолишта. Претставува старохристијанска базилика и раносредновековна некропола. Прогласено е за културно наследство на Македонија.
На источната страна на селото, со систематски археолошки ископувања е откриена трикорабна базилика со нартекс, егзонартекс, анекси и крстилница. Ископувањата се извршени во 1954 година од археологот Димче Коцо, а завршени се во 1976 година од археологот Владо Маленко, кога се откриени раносредновековни гробови. Само нартексот и централниот кораб на наосот се покриени со подни мозаици со стилизирана флорална и геометриска декорација и животински претстави. Базиликата е датирана на крајот на V век, а некрополата припаѓа во VII до VIII век. Наодите се чуваат во Завод и Музеј во Охрид.[1]
Remove ads
Поврзано
- Камен Мост - Опале — населба од неолитското време и некропола од железното време;
- Радолишта — населба од доцноантичкото време;
- Радолишта;
- Список на археолошки наоѓалишта во Струшко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads