Цирка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цирка (лат. circa, ц., c., ca., ca or cca. е латински поим со значење „приближно“ (букв. „околу“), и се однесува на датуми и години. Наоѓа широка примена во генеалогијата и историографијата (т.е. дела на историчари), кога времето во кое нешто се случило се знае само приближно.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Кога се применува кај датуми и години со временски опсег, цирка се применува пред секој датум и година. Датумот и годината пред кој не стои цирка се смета дека е точно познат.
На пример, една енциклопедиска статија за Џингис Кан може да почне со „Џингис Кан (ц. 1162 — 18 август 1227)“, што значи дека дотичниот е роден околу 1162 година. Годината во која починал пак, нема ознака, што значи дека таа е точно позната за историјата.
На македонски поимот „цирка“ („ц.“) може да се замени со кратенките о. („околу“), прибл. („приближно“), како и со знакот „~“, кој е математички знак за приближност.
Remove ads
Поврзано
- Флоруит
- р.
- †
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads