Цистерна

подземен склад за вода From Wikipedia, the free encyclopedia

Цистерна
Remove ads

Цистерна (латински: cisterna — „сад за вода“, старолатински: cista — „кутија“, старогрчки: κίστη — „кошница“) — затворен резервоар (сад), првично за течности, а сега и за насипни материи. Тоа е водосклад изграден во земјата, со водонепропустливи ѕидови и дно, а исто така и подземен резервоар за собирање и складирање на дождовна вода. Познати се уште од библиските и античките времиња.[1][2]

Thumb
Португалска цистерна, Ел Џадида, Мароко
Remove ads

Потекло

Thumb
Древна будистичка цистерна, изделкана во карпите, Индија.

Водоотпорни цистерни од гипс во подовите на куќите се среќаваат во неолитските села на Левантот, а кон крајот на четвртото илјадалетие пр. н. е., цистерните веќе се животоважни елементи на техниките за управување со водите што се појавувале во земјоделските општества, кои се наоѓаат во суви области.[3][4]

Во текот на средниот век во Европа, често се граделе цистерни во замоци на ридови, особено во оние каде што не можеле да се ископаат доволно длабоки бунари. Се користеле два вида: резервоарна цистерна и филтер-цистерна. Кај филтер-цистерните, водата минува низ филтер од песок и се собира во цистерната. Филтерот ја прочистува дождовната вода и ја снабдува со минерали.

Remove ads

Современост

Во современиот македонски јазик, поимот „цистерна“ означува разновидни резервоари за превоз и складирање на најразлични течни или насипни материи. Како по правило, современите цистерни се изработуваат од метал или камен и имаат облик близок до цилиндар (вклучувајќи облик на прав кружен или елиптичен цилиндар, и др.).

Основните видови современи цистерни се:

  • Автоцистерни — цистерни на автомобилска шасија (камион-цистерна);
  • Железнички цистерни — вид железнички подвижен состав, цистерни на железничка шасија (вагон-цистерна);
  • Контејнер-цистерна (ИСО-контејнер) — мултимодална превозна единица, наменета за превоз на содржината со три видови превоз: поморски (речен), железнички и патен;
  • Стационарни цистерни — изработени од бетон, армиран бетон, челик, алуминиумски легури и други материјали, подземни, вдлабнати и надземни складишта, кои, по правило, се опремени со уреди за контрола на состојбата на производот, уреди за полнење и празнење.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads