Цоцев Камен
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цоцев Камен (со напоредни називи Трон или Пешта) — вулканска карпа која во праисторијата се користела како мегалитска опсерваторија. Се наоѓа во атарот на кратовското село Шопско Рударе, поточно во близина на маалото Цоцевци и селото Коњух. Самата карпа се издвојува од околните ридишта е интересна сама по себе. Видливи се и остатоци од човечка обработка.
На стотина метри источно од Цоцев Камен се наоѓаат мегалити кои служеле како сончеви и месечеви нишани. На врвот на карпата се наоѓа престол свртен на исток кон нишаните, од каде што може да се следи во која точка изгрева Сонцето и Месечината и според тоа да се формира сончев календар. Мегалитите имаат дополнителни врежувања врз нив и во непосредна близина се најдени изработени месечиви во голема димензија, што претставува сведок за тоа дали еден објект претставува опсерваторија.
Remove ads
Галерија
- Цоцев Камен гледан од источната страна
- Цоцев Камен гледан од јужната страна
- „Мала пештера“
- Пештерски дел
(„Голема пештера“) - Приоѓање од северната страна
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads