Црвеници (Ногаевци)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црвеници — археолошко наоѓалиште во велешкото село Ногаевци. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. На 3 км источно од селото, на десниот брег на Брегалница, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, градежен материјал, како и блокови од обработен камен и мермер. Откриени биле и повеќе гробови, скелетни, гредени од камени плочи, со ориентација исток-запад, во кои освен керамички садови имало и украсни предмети: прстени, белезици, обетки, монети и др. Наодите се чувани во Народниот музеј во Велес.[1]
Remove ads
Поврзано
- Горна Црква — некропола од доцноантичкото време;
- Грамади — населба од римското време;
- Задружен Блок — тумул од веројатно железното време;
- Лисички Дупки — некропола од доцноантичкото време;
- Ограѓе — населба од доцноантичкото време;
- Ногаевци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads