Црвејнца (Опеница)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црвејнца — археолошко наоѓалиште во охридското село Опеница. Претставува населба од неолитското време, некропола од хеленистичкото време и средниот век. Се наоѓа северно од селото, на левата страна на патот Охрид-Ресен, на почетокот на 20-тиот километар, а во непосредната близина на Прентов Мост. На почетокот на 1956 година, со работите на мостот, во брегот биле откриени гробови од хеленистичка и средновековна некропола. Во истата година Музејот од Охрид извршил сондажни, а во 1957-59 систематски ископувања. Со овие работи биле откриени и истражени 143 гроба од кои 83 од хеленистичкото време а 60 од раниот среден век. Во долните слоеви се најдени фрагменти од керамички садови, орудија од кремен и коска кои упатуваат на траги од неолитска населба. Наодите се чуваат во Завод и Музеј во Охрид.[1]
Remove ads
Поврзано
- Горно Село — средновековна населба;
- Лажиште - Вилипец — населба од римското време;
- Мадем — топилница од доцноантичкото време;
- Релејца — Рударски јами од римското време;
- Старечки Дол — рудник и топилница од римското време;
- Требишки Рид — средновековна населба и некропола;
- Опеница;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads