Црква „Вознесение Христово“ - Братин Дол
црква во селото Братин Дол, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во битолското село Братин Дол, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во некогашната месност Црква, каде некогаш се наоѓало старото село Братин Дол.[2] Во Археолошката карта на Македонија, оваа месност Црква е забележана и како археолошко наоѓалиште „Св. Спас“ каде може да се најдат стари гробови.[3]
Околу црквата се сместени и селските гробишта.
Историја
Јован Трифуноски при неговите истражувања во 1957 година го забележал храмот како параклис.[2] Според Археолошката карта, црквата била подигната во 1925/26 година врз темели од постара црква, ѕидана со камен и варов малтер.[3]
Најверојатно таа црква била подигната во 1866 година.[4]
Архитектура
Фрескоживопис
Црквата поседува делумен фрескоживопис.
Икони и иконостас
Црквата поседува мал иконостас.
Галерија
- Селските гробишта
- Камбанаријата
- Куполата
- Иконостасот
- Внатрешноста
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Апсидата
- Споредниот влез
- Главниот влез
- Фреска на таванот на основата на камбанаријата
- Базен за верски обреди
- Чешма во дворот
- Помошниот објект
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads