Црква „Вознесение Христово“ - Петрово
црква во селото Петрово, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во гевгелиското село Петрово, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во самото село.
Историја
Црквата е стара, изградена пред 1860 година. Сепак, првичната црква била опожарена околу 1860-1861 година. Подоцна, во 1867 година црквата била обновена со доброволни прилози од месното население, што може да се види од натписот над јужниот влез во храмот (од надворешната страна).[2]
Градител на овој храм бил Андон Китанов.[2]
Архитектура
Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со дрвени тавени, со полукружна апсида на источниот ѕид, како и со женски дел на западната страна. Средишниот кораб ги надвишува двата странични кораба. Покривот на црквата е на две води, потпрена на два реда колони од по три столба со капители, кои го одвојуваат средишниот кораб од страничните кораби.[2]
Фрескоживопис
Црквата поседува убав фрескоживопис, насликан на северниот и на јужниот ѕид.[2]
Иконостас
Црквата поседува иконостас во резба. Сите икони во самиот иконостас потекнуваат од XIX век и ги имаат имињата на дарителите.[2]
Галерија
- Поглед на црквата
- Гробен споменик
- Помошен објект
- Тремот
- Камбанаријата
- Тремот
- Споредниот влез
- Ниша со фреска над влезот
- Главниот влез
- Апсидата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads