Црква „Воскресение Христово“ - Белештевица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Воскресение Христово — македонски православен храм во селото Белештевица близу Велес. Сместена е десно од патот на неколку стотини метри пред влезот на селото. Храмот е изграден во 1927 година, а моментално се наоѓа во полуразуршена состоба, при што јужниот ѕид е речиси целосно срушен, а на источниот ѕид зад олтарот има големи дупки. Според едно предание се вели дека во самото село Белештевица имало некоја стара црква на чии темели во 1927 година е подигната сегашната црква[1]. Кај луѓето кои имаат свои куќи во селото Белештевица постои идеја за нејзина обнова. Внатре во црквата има повеќе икони, а малкуте постојани и некогашните иселени жители на Белештевица црквата ја посетуваат за Велгиден, кој порано помасовно се прославувал со кумство во некоја од селските куќи. Пред црквата има постари гробишта.
Remove ads
Галерија
- Поглед од надвор на разрушениот јужен ѕид
- Поглед во внатрешноста на црквата
- Поглед во внатрешноста на црквата
- Поглед во внатрешноста на црквата
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads