Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бегниште

црква во селото Бегниште From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бегништеmap
Remove ads

Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Бегниште.[1][2]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Таа се наоѓа во самото село, сместена под Тренчевското Маало.

Remove ads

Историја

Подигната и живописана е во 1881 година, од браќата Вангел, Никола и Коста Анастасович од Крушево. Ова го потврдува натписот кој се наоѓа над северниот влез од внатрешната страна на црквата. Друг натпис во црквата се наоѓа над западниот влез одвнатре во црквата кој гласи:[2]

„Петре Андон епитроп на времето неино сеп. м. се стори за цркфата се изписа в лето 1880 и маиа 6“

Архитектура

Црквата има големи димензии и по својата архитектурна форма таа е трокорабна со два реда колони.[3]

Фрескоживопис

Целата црква е живописана.[3]

Во првата зона на јужниот ѕид е прикажано Второто пришествие (Страшниот суд), а над него е Жртва Аврамова, Рождество на Св. Јован Крстител и Гозбата на царот Ирод. На северниот ѕид во првата зона се стоечки фигури, а во втората Каменувањето на архиѓакон Стефан, Христос и Самаријанката на бунарот и Христос им се јавува на апостолите на море. Во олтарниот простор се светите архијереи, а над нив Богородица Ширшаја. На јужната страна е насликана композицијата Причестување на апостолите, а на спротивната Воведение Богородично.[3]

На иконостасот има царски двери изработени од непознат копаничар.[3]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads