Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Давидово
црква во селото Давидово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рождеството на Пресвета Богородица — главна селска црква во гевгелиското село Давидово, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа на работ од селото, на крајот од последните куќи.
Remove ads
Местоположба
Црквата е подигната на зарамнето стрмно каменесто место.[2]
Историја
Црквата била подигната пред 1860 година од страна на неимарот Андон Китанов. Денешната градба на црвата потекнува од 1926 година, кога старата црква била обновена.[2]
Архитектура
Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, која во наосот е потпрена на шест колони во два реда, по три столбови на јужната и на северната страна со капители. Сводовите на трите кораби се обновени во 1991 година. Црквата е изградена од обичен камен.[2]
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис. Тој бил обновен во олтарната апсида, од страна на зографот Јордан Доневски од село Гари, Дебарско, во 1991 година.[2]
Иконостас
Црквата поседува иконостас изработен во 1926 година, а иконите во него, според стилските одлики се од XIX век.[2]
Галерија
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Помошен објект
- Чешма
- Камбанаријата
- Влезната порта
- Тремот
- Споредниот влез
- Главниот влез
- Ниша со фреска над влезот
- Апсидата
- Помошен објект
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads