Црква „Св. Ѓорѓи“ - Дрмени
црква во селото Дрмени From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во ресенското село Дрмени, сместена непосредно до регионалниот пат Ресен-Отешево.[1]
Remove ads
Местоположба
Се наоѓа на самиот јужен раб на селото, веднаш до регионалниот пат Ресен-Стење. Покрај нејзе се наоѓаат селските гробишта и една германска гробница од Првата светска војна.[2]
Историја
Архитектура
Црквата има прекрасен иконостас, направен по градбата, но не е фрескоживописана. Односно има само две фрески и тоа од лево до олтарот Свети Наум, од десно Свети Трифун. За да не се оштетат тие се застаклени. Останатите ѕидови се премачкани со бела боја. Во 1990-тите години направена е голема камбанарија во дворот. На почетокот на септември 2013 година, во црквата била извршена кражба, при што била украдена една вредна икона.[3]
Легенда
Локалната легенда вели дека за самата изградба селаните многу се мачеле, носеле камења, сами граделе, немале дарители, но решиле и ја направиле, оваа убава и голема црква. Според кажувањата на постарите, за изградбата на оваа црква отишле дури 12 жртви (загинале 12 браќа). Тие биле качени на скеле во внатрешниот дел на црквата кога удрил земјотрес и сите паднале еден врз друг и никој не преживеал.
Галерија
- Поглед на црквата и камбанаријата
- Поглед на црквата со гробиштата
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads