Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ивањевци

црква во селото Ивањевци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ивањевциmap
Remove ads

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Ивањевци.[1] Црквата е сместена во крајниот североисточен дел од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата е изградена во 1847 година, а била обновувана во 1932 и 2005 година.[2] Од натписна плоча на еден од помошните објекти се забележува дека кровот на црквата бил обновен со средства обезбедени од иселеници од селото во Австралија во декември 2002 година.

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен од западната страна, а над него има полукружна ниша со фреска на Свети Ѓорѓи. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, неколку помошни објекти и селските гробишта. Камбанаријата се издига јужно од градбата на храмот. Таа има квадратна основа и се состои од три дела. Во најдолниот дел на западната страна се наоѓа влезот, а во средниот дел над него има правоаголен отвор, додека во најгорниот дел на секоја страна има по два хоризонтално поставени правоаголни отвори.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads