Црква „Св. Ѓорѓи“ - Истанбул

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Истанбул
Remove ads

Црквата Свети Ѓорѓи (турски: Aya Yorgi Kilisesi ) е христијански храм кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Од 1600 година, овде се наоѓа седиштето на Вселенската патријаршија[1].

Кратки факти Црквата Свети Георги Aya Yorgi Kilisesi Καθεδρικός ναός του Αγίου Γεωργίου, Религија ...

Црквата се наоѓа во истанбулскиот реон Фенер, на северозапад од историскиот центар на стариот Цариград. Оваа црква е релативно мала црква, особено земајќи го предвид нејзиниот статус во православниот свет. Црквата е скриена зад високи ѕидови, издигнати, за да не привлекува несакани погледи во исламската империјална престолнина. Црквата има едноставна надворешна фасада, но е богато украсена внатре.

Remove ads

Историја

По падот на Цариград под власта на Османлиите во 1453 година, главен центар на православниот свет во претежно муслиманскиот град станал квартот Фенер. Во 1600 година, патријарх Матеј II (1596-1603) го преселил седиштето на Патријаршијата во оваа црква. Црквата била реконструирана многупати и малку е останато од оригиналниот вид. Патријарх Тимотеј II (1612-1620) ја реконструирал и проширил во 1614 година. Црквата била повторно реконструирана во времето на патријархот Калиник II (1694-1702). Во почетокот на 18 век црквата пострадала од пожар и истата бла повторно обновена.

Нов голем пожар во 1738 година повторно нанел тешки штети на црквата. Дури во 1797 година патријарх Григориј V успеал да започне големи реставрационни дејствија. Сегашниот изглед на црквата е од тоа време.

Сегашниот изглед на црквата е во општи линии плод на тоа обновување.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads