Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рибарци (Битолско)
црква во селото Рибарци, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи – главна селска црква во селото Рибарци.[1]
За други значења на поимот, погл. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рибарци.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во крајниот западен дел од селото, на црковна тумба на највисокот место во селото.[2]
Историја
Црквата е изградена во 1862 година, била срушена за време на Првата светска војна, повторно изградена во 1936 година, а обновена во 1971 година.[2] Храмот за последен пат бил обновен во 2000/2003 година.[2][3]
Архитектура
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има табла со податоци за изградбата на храмот. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со железна ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата има примитивен изглед и се состои од железен столб на којшто е врзано ѕвоното и е покриен со лимен кров.
Галерија
- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Црквата (лево) со камбанаријата (десно)
- Помошниот објект
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads