Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смилево (селска)

црква во селото Смилево From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смилево (селска)map
Remove ads

Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во демирхисарското село Смилево, сместена на височинка во селото.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена во 1911 година, една година пред завршување на отоманското ропство.[2]

Архитектура

Градбата на црквата е прилично голема и во основа претставува трикорабна градба со полукружен дрвен средиштен свод и покриени странични бродови. Поседува петострана апсида со слепи аркади од надворешната страна.[2]

Црквата поседува три влеза и големи пространи прозорци, поставени во два реда на северниот и на јужниот ѕид. Ѕидовите се од кршен камен, а на фасадата се обработени со фугирање. Има покрив на две води и истиот е од ќерамиди, но најверојатно првично бил од плочи. Отворите, венецот и апсидата се изработени од делкан камен.[2]

Во внатрешноста црквата има галерија.[2]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads