Црква „Св. Ѓорѓи“ - Теарце
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи била поранешна црква во тетовското село Теарце. Денес постојат само остатоци од светиот храм.
Во Теарце сочувано е преданието дека на местото Крс што се наоѓа северно од селото, имало црква посветена на Свети Ѓорѓи и околу неа се наоѓале гробови. Во минатото жените на 8 декември го посетувале разурнатото светилиште и делеле раздавачка за душа на починатите и палеле свеќи на еден камен. Во последниве децении, помладите генерации не го посетуваат ова светилиште.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads