Црква „Св. Ѓорѓи“ - Чохалари

црква во Чохалари, Солунско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — преродбеничка црква во селото Чохалари, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Кратки факти Свети Ѓорѓи, Место ...

Црквата претставува трикорабна базилика типична за своето време. Според натписот над југоисточниот носач, изградена е во 1856 г. Храмот е живописан и на иконостасот има икони од XIX век.[1]

По Младотурската револуција во 1909 г. егзархистичките жители на Чохалари испратиле телеграма до Отоманскиот парламент со молба да им се даде делот од селското училиште кое им припаѓа, како и пристап до црквата направена со парите на сите селани, која во стариот режим им била дадена исклучиво на 19 патријаршистички семејства.[2]

Црквата е прогласена за историски споменик на 25 октомври 1994 г.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads