Црква „Св. Јован Богослов“ - Чифлик
црква во селото Чифлик From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Јован Богослов — главна селска црква во малешевското село Чифлик.[1] Сместена е во источниот дел од селото, на десната страна од патот којшто води кон Пехчево.
Remove ads
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во западниот дел. На јужната страна има пет монофори. Камбанаријата се издига од западната страна, непосредно пред главниот влез од црквата. Таа има квадратна основа и се состои од четири дела. Секој дел од основата кон врвот има помала основа. На секоја страна од првите три дела има по една монофора, додека последниот дел е поотворен од страните. Камбанаријата е покриена со пирамидален кров со ќерамиди над кој има крст. Градбата на црквата и камбанаријата во целост се обоени во бела боја. Во дворот на црквата впечатлива е и пространата трпезарија, која го оградува дворот од западната, јужната и источната страна.
Remove ads
Галерија
- Поглед на јужната страна на црквата
- Камбанаријата на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads