Црква „Св. Јован Крстител“ - Древено

црква во селото Древено From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Јован Крстител“ - Древеноmap
Remove ads

Свети Јован Крстител — главна селска црква во селото Древено.[1] Црквата е сместена во средишниот дел на селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат 1309, на влезот од селото од насоката на Злетово.

Историја

Црквата била изградена по XVIII век, а иконите биле изработени во текот на XIX век од страна на Дичо Зограф и непознати автори. Не е познато кога и од кого била осветена.

Архитектура

Градбата е трикорабна и има правоаголна основа. Од западната и јужната страна е доградена припрата, којашто е пониска од градбата на црквата и е покриена со ќерамиди. Главниот влез се наоѓа од западната страна, додека од јужната страна има страничен влез. Над главниот влез има плоча на којашто е испишано името на црквата. На јужниот ѕид, веднаш над припратата има четири прозорци. Ѕидана е од кршен камен и малтер со полутркалезни сводови. Целата градба е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди. На кровот на црквата, веднаш над влезната црква, е поставен крст.

Камбанаријата е сместена зад црквата. Таа има квадратна основа и е изградена од камен. Во горниот дел е отворена од сите четири страни, каде што е сместено ѕвоното. Покриена е со лимен кров. Во дворот на црквата, непосредно од десната страна на камбанаријата е сместена трпезаријата. Дворот на црквата е обележан со камена ограда, којашто околу влезната порта е малтерисана и обоена во бела боја, како и покриена со ќерамиди.

Во внатрешноста на црквата нема фрескоживопис. Меѓу иконите на дрвениот иконостас има една мала икона на која било насликано Вознесението Христово. Не се знае кога оваа икона била изработена, но, врз основа на стилската анализа на Коста Балабанов, се претпоставува дека настанала при крајот на 18 век.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads