Црква „Св. Јован Крстител“ - Крушево

црква во градот Крушево From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Јован Крстител“ - Крушево
Remove ads

Црквата „Св. Јован Крстителмакедонска православна црква која се наоѓа во Крушево, Македонија. Оваа црква е позната и како Влашка црква. Градбата е една од најзачуваните во градот. Нејзиниот иконостас е заведен како Културно наследство на Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Нејзината изградба била започната на 3 август 1897 година во дворот на романското училиште во Крушево. Христијанскиот храм бил завршен во 1904 година.[2]

Внатрешни особености

Во црквата нема живопис. Преовладува прекрасно изработен дрвен иконостас, направен од плитка резба од браќата Несторови, чија изработка траела околу четири години. Во влезот на црквата „Св. Јован Крстител“ исто така се наоѓаат фрески кои се пренесени од црквата „Св. Атанасиј“ во село Локвени, а датираат од 1627 година. На тие фрески се прикажани Св. Архијереи, Пресвета Богородица, итн.

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads