Црква „Св. Јован Крстител“ - Слатино
црква во селото Слатино From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Јован Крстител (понекогаш нарекува Свети Јован Бигорски) — манастирска црква во селото Слатино, сместена во близина на некогашното Слатинско Езеро.
Изградена е врз темели на многу постара истоимена црква од раниот среден век.[2] Осветена е на 26 мај 2002 година од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фреските се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.[1]
Remove ads
Света икона
Светата икона на Свети Јован Крстител од познатиот Бигорски манастир едно време била сместена во оваа црква на Слатинскиот манастир, поради што и самата манастирска црква понекогаш се нарекува и „Св. Јован Бигорски“. Иконата била вратена на Бигорскиот манастир во времето на неговото возобновување во 1743 година.[3]
Галерија
- Целосен поглед на црквата
- Икона на влезот во црквата
- Даб во дворот на црквата
- Камбанаријата при влезот на црквата
- Помошен објект на манастирот
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads