Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Тумчевиште
црква во селото Тумчевиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Архангел Гаврил — главна манастирска црква на Тумчевишкиот манастир во гостиварското село Тумчевиште, Македонија.[1]
Главниот патронат се прославува на денот на Соборот на Свети Архангел Гаврил (26 јули),[2] кога се организира општонароден црковен собир на кој доаѓаат многу посетители од Полог.[3]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа пред влезот на селото, од левата страна на локалниот пат од страна на автопатот Гостивар-Тетово.
Историја
Црквата била изградена пред неколку века, но неколкупати била палена и уништувана. Таа постојано била обновена на првобитните темели. За време на турското ропство, кога селото било разурнато, манастирот бил запален и целосно уништен.[3]
Селаните ја обновила црквата по завршувањето на турското ропство, но истата во 1943 година била запалена и целосно уништена од страна на Албанците од соседното село Чегране.[3]
Во 1996 година на темелите на црквата била изградена нова и била осветена.[3]
Во 2016 година пред црквата бил изграден и осветен 11-метарски крст.[3]
Кражби
Ноќта помеѓу 15 и 17 декември непознати сторители насилно влегле во црквата откако влезната врата била насилно отворена. Случајот во полиција го пријавил член на црковниот одбор, по што било констатирано дека недостигаат касетофон со звучници и 1.800 денари.[4]
Remove ads
Галерија
- Црквата и крстот
- Влезот
- Ниша над влезот
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Црквата од далечина
- Фонтана во црковниот двор
Поврзано
- Гостиварско архијерејско намесништво
- Гостиварска парохија
- Тумчевиште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads