Црква „Св. Архангел Михаил“ - Асамати
црква во селото Асамати From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Архангел Михаил (од мештаните нарекувана Свети Арангел) — главна селска црква во селото Асамати, Општина Ресен, Македонија.[1]
Се наоѓа јужно од селото, покрај брегот на Големото Преспанско Езеро. Во дворот на црквата се наоѓаат селските гробишта.[2]
Remove ads
Историја
Била изградена во 1636 година. Црквата од асамаштани уште е нарекувана и „Св. Њум“ (Свети Наум), но не се знае од која причина.[2]
Градба
Црквата е еднокорабна со полукружна апсида. Била изградена од кршен и приделкан камен, покриена со двоводен кров од ќерамиди.[2]
Покрај малата еднокорабна градба, во поново време од јужната, западната и северната страна се прилепени помошни простории во вид на затворени тремови и се направени премалтерисувања на ѕидовите во наосот и дел од олтарскиот простор.[3]
Живопис
Внатрешноста на црквата е живописана.[2]
Од зачуваниот натпис, што се наоѓа на источниот ѕид од олтарскиот простор, дознаваме дека црквата е живописана во четвртата деценија на XVII век. Сочуваното сликарство од олтарскиот простор е истовремено и најзначајната содржина што ја поседува овој мал храм, како едно веродостојно сведоштво за уметноста од првата половина на XVII век во Преспа. Тука се сочувани неколку композиции и поединечните ликови на „Св. Атанасиј“, „Св. Василиј“, „Св. Јован Златоуст“ и „Св. Григориј“, како учесници во архијерејската литургија, насликани во долната зона од нишата на апсидата. Над нив е „Св. Богородица“ со малиот Христос пред себе а во најгорната зона е композицијата со „Вознесението Христово“. Лево и десно од апсидната конха се деловите од „Благовештението“ со ликовите на „Архангел Гаврил“ и „Св. Богородица“. Во малата полукружна ниша од жртвеникот, насликан е „Св. Првомаченик Стефан“. Од зачуваните партии, може да се констатира дека непознатиот автор на овие фрески поседувал значителни уметнички квалитети за времето во кое творел.[3]
Иконостас
На високата олтарна преграда, која за жал ја затскрива највредната содржина од овој храм, поставени се неколку икони од 1931 година.[3]
Поврзано
Галерија
- Поглед на црквата
- Апсидата на црквата
- Целосен поглед на црквата заедно со малата камбанарија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads