Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ињево
манастирска црква на Ињевскиот манастир „Св. Архангел Михаил“ From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Архангел Михаил — манастирска црква на Ињевскиот манастир „Св. Архангел Михаил“.
Remove ads
Историја
Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 27 април 1999 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Црквата била осветена на 20 октомври 2002 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.[1]
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна кон којашто е доградена отворена припрата, а над влезот од припратата има ниша со фреска на којашто е прикажан Архангел Михаил. Црквата има и спореден влез на северната страна. Објектот е граден од тули коишто се забележливи на најголем дел од површината на ѕидовите, додека апсидата и крилата се обоени во бела боја. Покриен е со кров од ќерамиди.
Внатрешноста на црквата не е фрескоживописана. Престолните икони се од монахињата Макрина од Беровскиот женски манастир, а останатите икони се дело на зографот Тони од Радовиш.[1]
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата
- Припратата
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Куполата
- Апсидата
Поврзано
- Ињево
- Ињевски манастир „Св. Димитриј“
- Ињевски манастир „Св. Архангел Михаил“
- Ињевски манастир „Св. Петка“
- Црква „Вознесение Христово“
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
- Црква „Св. Петка“
- Црква „Св. Димитриј“
- Параклис „Св. Контантин и Елена“
- Ињевски крст
- Радовишко архијерејско намесништво
- Ињевско-конечка парохија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads