Црква „Св. Архангел Михаил“ - Клепач
црква во селото Клепач From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во селото Клепач.[1] Црквата е сместена во западниот дел од селото.
Remove ads
Историја
Од натписна плоча на помошниот објект се забележува дека црковниот трем бил осветен на 10 септември 2005 година.
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над обата влеза има ниши со фрески. Црквата во целост е обоена во бела боја, а покриена е со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со ограда од камени блокови и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и гробен споменик. Камбанаријата се издига од десната страна по влезот во дворот на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од три дела. Влезот е сместен од северната страна, а на секоја од четирите страни од најгорниот дел има по една монофора.
Remove ads
Галерија
- Црквата (во средина), помошниот објект (лево) и камбанаријата (десно)
- Западната страна на црквата
- Главниот влез на црквата
- Споредниот влез на црквата
- Апсидата на црквата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Натписна плоча на помошниот објект
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads