Црква „Св. Архангел Михаил“ - Маково
црква во селото Маково From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Петка – главна селска црква во селото Маково.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во западниот дел на селото.
Историја
Храмот бил изграден во 1860 година, но бил срушен за време на Првата светска војна, по што бил повторно обновен во 1926 година. Последен пат бил реновиран во 1997 година.[1]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е претставен Архангел Михаил. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, а апсидата е покриена со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата се издига над оградата од дворот, непосредно од десната стрнаа на влезната порта. Таа е со квадратна основа и на секоја страна во нејзиниот горен дел има по еден правоаголен прозорец со решетки. Изградена е од камен и е покриена со кров од ќерамиди.
Галерија
- Северната страна на црквата
- Главниот влез
- Нишата над главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Влезот на камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гробишта
- Црквата (лево) и камбанаријата (десно)
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads