Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ
црква во селото Зовиќ From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј — црква во селото Зовиќ
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена на врв од рид во непосредна близина на селото.[1]
Историја
Според своите архитектонски и ликовни крактеристики, црквата потекнува од поствизантиски период, односно од XVII век.[2] Во поново време, со помош од месното население до црквата е изградена трпезарија, поставен е крст, а донесена е и електрична енергија.[1]
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна.[1] Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска којашто е во лоша состојба. Објектот е граден од камен и варов малтер, а прекриена е со кров од црвени ќерамиди.[2]
Внатрешноста на црквата е зографисана. Иако црквата претрпела оштетувања низ годините, денес се сочувани вредни површини фрескоживопис, како што е претставата во олтарниот простор позната како Богородица со епитетот Платитера – Знамение од XVII век. Според иконографскиот тип, Богородица Знамение е облик на Богородица Ширшаја со молитвено издигнати раце. На сиво-сината заднина на фреската со бели грчки букви е испишан епитетот на Богородица. Претставата е работена според текстот на пророкот Исаија, според кој Богородица претставува отелотворение на црквата. Ваквата претстава на Богородица е значаен тематско-времеследен показател затоа што сведочи за присуството на пошироката сфера на византиската во постарата уметност.[2]
Во дворот на црквата се наоѓа помошен објект.
Галерија
- Икона на Свети Атанасиј
- Фреска во црквата
- Претстава на Богородица Знамение
- Фреска со натпис
- Фреска со крст
- Претстава на Свети Никола
- Претстава на Свети Василиј
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads