Црква „Св. Атанасиј“ - Кошани
црква во Кошани, Кавадаречко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј — главна селска црква во кавадаречкото Кошани, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа над селото, на неговиот северен крај.[2]
Историја
Била подигната во 1871 година, како што може да се прочита на натписот над западната врата.[2]
Црквата е напуштена во втората половина на XX век.[3]
Околу 1990 година пострадала во пожар и целата покривна конструкција е уништена.[4]
Архитектура
Ова е еднокорабен храм со женски дел, галерија од западната страна, потпрена на два дрвени столба. Има влезови од југ и од север, отворен трем од југ и запад, а камбанаријата е во урнатини.[2]
Фрескоживопис
Живописот го добила истата година кога била подигната (1871 г.). Живописот е дело на непознат зограф и се одликува со ниска уметничка вредност.[2]
Галерија
- Внатрешноста
- Остатоци од црквата
- Апсидата
- Споредниот влез
- Остатоци од црквата
- Sвоното
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads