Црква „Св. Атанасиј“ - Страгово
црква во Страгово, Кавадаречко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Атанасиј — православна црква во кавадаречко село Страгово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е изградена и живописана во XIX век, но нема поточни податоци за нејзино датирање. Претставува трикорабен храм со голема олтарна апсида на источната страна. Во внатрешноста сводовите се покриени со дрвени тавани.
Remove ads
Фрески
Во првото подрачје на ѕидовите се претставени Свети Атанасиј, Свети Харалампиј, композицијата „Страшниот суд“ (Второто пришествие). Во второто подрачје на јужниот ѕид се „Жртва Аврамова“ и пророкот Даниил. На северната страна во првото подрачје се Свети Игнатиј, Свети Трифун, Свети Пантелејмон, Свети Кузман и Дамјан, Светите браќа Кирил и Методиј, а меѓу нив е Исус Христос. Потоа следат Свети Нестор, Свети Теодор Тирон и Свети Мина. На западниот ѕид се претставени Света Марија Египетска и Свети Зосим, Света Катерина, Света Недела и Света Петка. Во главниот кораб на јужната страна има тројца светци во медалјони, а на северната се Апостол Лука, Соломон и Апостол Матеј.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads