Црква „Св. Атанасиј“ - Стругово

црква во Стругово, Демирхисарско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Св. Атанасијцрква во демирхисарското село Стругово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата е гробишен храм сместен на северниот крај на селото. Изградена е и живописана на крајот од XIX век од крушевски мајстори. Претставува трикорабна базилика покриена со дрвен свод во средишниот кораб. Подоцна западниот ѕид е урнат и храмот е продолжен. На запад му е прилепена куловидна камбанарија, а над дводот е изградена мала купола на осумстран барабан. Ѕидана е од кршен камен, а венецот, аглите и вратите се од делкан бигор. Покривот е на две води со ќерамиди, а куполата е покриена со лим. Фасадите се фугирани.[1][2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads