Црква „Св. Атанасиј“ - Штрбово

црква во селото Штрбово From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Штрбовоmap
Remove ads

Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Штрбово, Општина Ресен, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Се наоѓа источно од положбата на Штрбово (Горно Село). Била изградена во 1930 година од кршен камен и вар, на место на поранешна црква. Во дворот на црквата постојат стари селски гробишта.[2]

Remove ads

Положба

Црквата е сместена на една доминантна височинка, источно од просторот на некогашната положба на старото село Штрбово. До црквата, денес може да се стигне преку асфалтен пат.[3]

Градба

Црквата претставува еднокорабна градба со мала полукружна апсида на источната страда и дограден затворен трем крај јужната фасада. Во рамките на црковниот двор се наоѓаат и новоизградени помошни простории, источно од црквата, како и камбанаријата на запад. Не се сочувани никакви пишани податоци за времето изградба на храмот, меѓутоа се претпоставува дека била изградена во 1930 година.[3]

Црква била изградена од некојси Трпо.[2]

Фрескоживопис

Во внатрешноста нема сочувано ѕидно сликарство.[3]

Иконостас

Црквата има иконостас, кои се претпоставува дека потекнуваат од XIX век.[3] Иконостасот го направил мајстор Роман од Дебарско.[2]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads