Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Обедник

црква во селото Обедник From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Обедникmap
Remove ads

Успение на Пресвета Богородица (позната и како: Света Богородица) — главна селска црква во демирхисарското село Обедник, сместена пред влезот во селото.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа на неколку стотина метри пред влезот на селото, непосредно на десната страна од патот. Околу црквата се наоѓаат и самите селски гробишта.

Историја

Црквата била изградена во 1956 година на стари темели.[2]

Архитектура

Храмот претставува еднокорабна градба, а покривот е на две води од ќерамиди. Има полукружна апсида. Била градена со кршен камен и тули во горниот дел под венецот, а фасадите се фугирани.[2]

Подот во внатрешноста на црквата е од бетон. На западната страна се протега трем.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads