Црква „Св. Варвара“ - Солун
црква во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Варвара (грчки: Αγίας Βαρβάρας) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е сместена во центарот на населбата Горна Тумба, на улица „Григориос Ламбракис“ бр. 106, близу стадионот „Тумба“. На местото на храмот имало артилериска касарна. Во 1922 г. тука дошле грчки доселеници од Мала Азија, Понт и Бугарија. Духовните потреби ги задоволувале во воената црква „Св. Варвара“, заштитничка на артилеријата. Со порастот на населението се јавила потреба за поголем храм, и камен-темелникот на новата црква е поставен на 30 ноември 1947 г од епископот Спиридон Апамејски. Отворена е на 4 октомври 1953 г. од митрополитот Пантелејмон Солунски.[2] Старата воена црква е преименувана во „Св. Стефан“ и станала дел од парохијата на „Св. Варвара“.[3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads