Црква „Св. Врач“ - Лугунци
црква во Лугунци, Мегленско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Врач или Свети Бессребреници Кузман и Дамјан (грчки: Άγιοι Ἀνάργυροι) — преродбеничка црква во селото Лугунци, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е гробишен храм, сместен југозападно од селото во меснота Селиште.[1] Црквата е изградена во 1863 г. што се гледа од надвлезниот натпис.
„ | ούτος ο ιερός ναός των Αγίων Αναργύρων εκτίσθη κατά το έτος 1863, υπό της Κοινότητος Λουγγούντσης και επί αρχιερατεύοντος Αγίου Μογλενών και Φλωρίνης κ.κ. Προκοπίου.
Овој свет храм на Светите Бессребреници се подигна во годината 1863 од заедницата на Лугунци за време на архијерејството на светиот г. г. Прокопиј Мегленско-лерински.[2] |
“ |
Грабата претставува трикорабна базилика со два влеза на јужната страна, каде е женската црква. Покривот е направен со камени плочи, а на источниот крај од јужната странаима камбанарија. Југоисточно од камбанаријата е откриен римски натпис, а на неколку метри од црквата е најдена мермерна статуа на маж од истиот период.[1]
Таванот и иконостасот се дрвени, а женската црква служи како костурница. Црквата е зографисана — се издвојуваат мачеништвото на Света Злата Мегленска, Света Злата, Зосим, преподобна Марија Египетска, смртта на праведникот и грешникот, судот на Пилат, обесувањето на Јуда и камшикувањето на Христос.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads