Црква „Св. Димитриј“ - Брусник
црква во Брусник, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј (позната и како Св. Димитрија Солунски) — главна селска црква во битолското село Брусник, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата е гробиштен храм, изграден на доминантно возвишение на југозападниот крај на селото, со глетка кон Пелагонија.
Историја
Изградена е врз темелите на средновековна црква со некропола.[2]
Храмот е од првата половина на XIX век,[3] но силно настрадал за време на Првата светска војна. Обвновен е во периодот од 1922 до 1926 година.[4]
Архитектура
Градбата е сместена во заграден двор со црковна порта. Веднаш по портата е камбанаријата. Храмот е трикорабен, со петстрана апсида на исток и тремови од северната и западната страна. Главните влезови се од север — еден за наосот и еден за нартексот. Внатрешноста на наосот е поделена на три кораба со два реда од по пет столба. Над средишниот кораб има полукружен свод, а таваните на страничните се рамни со дрвени даски. Нартексот е со три скалила над нивото на наосот.[4][5]
Фрескоживопис
Икони и иконостас
При обновата на црквата (1922-1926) се изработени и сегашните икони и иконостас.[4]
Галерија
- Селските гробишта
- Споредниот влез
- Главниот влез
- Поглед на црквата
- Апсидата
- Чешма во дворот
- Базен за верски обреди
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads