Црква „Св. Димитриј“ - Буково
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј — главна селска црква во битолското село Буково, Македонија.[1]
Црквата претставува парохиско седиште на Буковската парохија.[2][3]
Remove ads
Местоположба
Црквата е средишниот храм на селото, сместен во непосредна близина на основното училиште.
Историја
Црквата била изградена во 1882 година на местото на руини од стара црква.[4]
Архитектура
Градбата претставува трикорабна базилика, архитектонски тип популарен по 1830-тите години. На источната страна има тристрана апсида, а на запад се издига црковната камбанарија. По должината на јужната фасада има припрата со помошни простории. Внатрешноста на градбата е поделена со два реда од по четири столбови, кои во горниот дел се лачно поврзани. На запад со ниска преграда издвоен е наосот од нартексот. Занимливост за оваа црква е што има катна галерија само над јужниот кораб на црквата, што е реткост.[3]
Икони и иконостас
Во црквата зачувани се украси од постара црква, мала колекција на икони и царски двери од четвртото десетлетие на XVII век. На царските двери има старословенски натпис „Благовѣщенїі Богородице“.[2] Царските двери веројатно се од стар иконостас од соседниот Буковски манастир или некоја постара црква во селото.[5] Меѓу иконите од XVII век има две престолни. На едната, на Свети Меркуриј, има словенски натпис ЗРМД (1635/1636). Другата е на Свети Архангел Михаил која иконографски и стилски е слична со иконата од Слепченскиот манастир, која денес се наоѓа во Музејот на Македонија во Скопје.[5] Иконите од XVII век и царските двери веројатно се дело на мајстори од Линотопската уметничка школа.[6]
Фрескоживопис
Ѕидно сликарство постои во полукружните конхи од централната апсида и во протезисот. Според стилските одлики ѕидното сликарство соодвествува со еден дел од иконите на иконостасот кои се датирани кон крајот на XIX век. Иконостасот во црквата е конструиран со два реда на икони и според испишаните натписи врз нив, тие се изработени во текот на 1895, 1896 и 1907 година. Од истиот зограф најверојатно се насликани и иконите на амвонот, на еден од северните столбови од наосот.[3]
- Детаљ од царските двери, околу 1635 година
- Икона на Архангел Михаил, II половина на XVII век
- Царските двери во црквата, околу 1635 година.
Галерија
- Западната страна
- Камбанаријата
- Влезот во припратата
- Годината 1895 испишана на ѕид на црквата
- Црковниот двор
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Празна ниша над споредниот влез
- Споредниот влез
- Влезот во камбанаријата
- Апсидата
- Базен за верски обреди
- Влезната порта
- Помошниот објект
- Дворот со црквата
- Камбанаријата
- Поглед на влезот
- Камбанаријата со училиштето во позадина
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads