Црква „Св. Димитриј“ - Валовишта
црква во Валовишта, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј (грчки: Ἁγίου Δημητρίου), попозната како Чесен Појас (Αγίας Ζώνης, букв. „Св. Зона“) — црква во градот Валовишта, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во североисточното подножје на ридот Хисар, на чиј врв се издига средновековната тврдина Хисар.[1]
Историја

Светилиштето на храмот е древномакедонска гробница издлабена во гранитна карпа, која раните христијани ја претвориле во место за поклоление. Фасадата на гробницата имитира антички храм со столбови, метопи и фронтон, изделкани во карпата. Средишниот влез на гробницата денес е преправен во царски двери. Слична издлабена гробница, која не е завршена, има и лево од црквата, каде денес стои мала камбанарија.[1]
Во ранохристијанско време гробницата е преправена во црква, што било вообичаено. Во средниот век карпата е насликана со живопис, кој делумно е зачуван и денес.[1]
За време на османлиското владеење црквата е напуштена. Пролетта 1915 г. е црквата е повторно откриена од Теопемпти Пазони, доселеничка во Валовишта. Митрополитот Партениј Валовишки наредил тука да се изгради храм. Во 1916 г. грчките дојденци од Мелник во црквата ја поставиле чудотворната икона на Чесниот Појас. Во 1939 г. по иницијатива на митрополитот Василиј Валовишки црквата е проширена надвор од карпата, добивајќи го денешниот облик. Во 2002 г. митрополитот Макариј Валовишки наполно го обновил храмот.[1]
Remove ads
Поврзано
- Валовишка епархија
- Манастир „Пресв. Богородица Пештерна“ во Мелник, Пиринска Македонија, од каде е донесена чудотворната икона во „Св. Димитриј“
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads