Црква „Св. Димитриј“ - Горно Дивјаци

црква во селото Горно Дивјаци, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Горно Дивјациmap
Remove ads

Свети Димитриј — главна селска црква во крушевското село Горно Дивјаци, Македонија.[1][2]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата се наоѓа во самото село Горно Дивјаци. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Remove ads

Местоположба

Црквата е сместена во самото село Горно Дивјаци, на околу 9 километри северозападно од Крушево.[3]

Историја

Според натписот испишан на говорен народен јазик на западната страна, од внатрешната страна, може да се претпостави дека црквата е подигната во 1884 година или порано. Според пишаните извори кои ги даваат документите од возобнувањето на охридската Архиепископија, црквата е градена во период од 1869 до 1875 година.[3]

Архитектура

Црквата е еднокорабна градба, со полукружна апсида однадвор, засведена, со влез од западната страна. Ѕидана е од кршен камен и малтер. Каменот, главно е употребен необработен, вкопан во малтер и без определен опус на ѕидање. Аглите на црквата се изведени од фино делкани камени квадари со минимални спојници. Освен аглите на црквата, од обработен камен се изведен влезот, прозорците и апсидата.[3]

Фрескоживопис

Црквата најверојатно е живописана во 1884 година. Истиот е во релативно добра состојба и е целосно сочуван во четири зони.[3]

Во апсидата се насликани сцени од Службата на архијереите со Св. Гергориј Богослов, Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Атанасиј Александриски, Причестувањето на Апосолите, Богородица Ширшаја, која е поставена во конхата на апсидата. Во првата зона на исликување на фрескоживописот се насликани светци и светители во надолжните страни во цел раст, каде помеѓу нив се поставени односно насликани Деисизот, Св. Ѓорѓија на коњ кој ја убива ламјата и Св. Димитрија на коњ кој го убива калојан. Во втората зона на јужниот и северниот ѕид се насликани сцени од циклусот на Христовите страдања. Во третата зона се насликани сцени од циклусот на Големите празници. Четвртата зона, која е поставена највисоко во црквата иконописецот во јужната и северната сводна полуоблина е насликан фриз од 18 допојасни ликови на пророци во медалјон по 9 од секоја страна.[3]

Иконостас

Црквата поседува висок иконостас, на кој се поставени шеснаесет икони, кои се прогласени за споменици на културата. Сите икони се од XIX век.[3]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads