Црква „Св. Димитриј“ - Драчевица
црква во селото Драчевица, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј — главна селска црква во демиркапиското село Драчевица.[1][2]
Црквата се наоѓа јужно од селото, под возвишението Зајчар, кое преовладува во околината.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа под возвишението Зајчар,[3] кое е сместено јужно од селото.[2]
Историја
Црквата била подигната во 1858 година,[4] што е испишано на лакот од северниот влез во црквата.[2] Била подигнато на старо вакавиште, каде биле ископани неколку грчки надгробни плочи.[3]
Архитектура
Според својот архитектонски облик црквата е трикорабна со главен влез на северната страна.[2]
Црквата е скоро напуштена поради отселување на луѓето во Демир Капија.[2]
Фрескоживопис
Црквата била зографисана кон крајот на XIX век, а нејзиниот живопис е обновен во 1927 година според сочуваниот натпис над северниот влез во црквата, кој гласи „Сеи храм обновисја 1927 г. III 26 зoграфи Димитриа и Георгиа браќа Андонови и наследници Андон Илиа из Дебар“.[2]
Иконостас
Иконостасот го исполнуваат мноштво икони изработени во периодот од 1863 до 1866 година од зографот Григориј (Пецанович) од Струмица.[2]
Галерија
- Главниот (северен) влез
- Припратата
- Припратата
- Споредниот (западен) влез
- Ниша со фреска над главниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads