Црква „Св. Димитриј“ - Поменово

црква во Поменово, Велешко From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Поменовоmap
Remove ads

Свети Димитриј — главна селска црква во азотското село Поменово, Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Храмот се наоѓа во некогашното Средно Маало на селото Поменово.[1]

Историја

За црквата нема точни податоци кога е изградена, но истражувачот Јован Трифуноски ја споменува како доста стара црквичка.[1]

Архитектура

Храмот е правоаголна еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и трем на запад. Изградена е од дробен камен, а покривот изворно бил направен од камени плочки. Сводот во наосот е срушен, а црквата е покриена со плочи од вештачки материјал. Влезот е од западната страна, над кој има ниша со претстава на покровителот Свети Димитрија Солунски на коњ како прободува војник.[2]

Во поново време извршени се значителни промени на градбата на црквата.

Живопис

Во нишата на источната фасада над олтарната апсида има остатоци од првобитниот живопис од XVII век. Претставен е светец, облечен во светлокафеав химатион. Светецот е на средна возраст со кратка бела коса и брада, и во левата рака држи затворен свиток. Според типолшките особености, можно е да се работи за Апостол Петар. Сочувана е и оригиналната камена чесна трпеза, сместена во тремот.[2]

Според натписот над западниот влез во наосот, фреските од наосот и олтарот се одново пресликани во 1852 година.[2] На источнот ѕид во олтарната апсида, во првото подрачје, е Архиерејската литургија, од северната страна се насликани Свети Јован Златоуст и Свети Григориј Богослов, а од југ Свети Василиј Велики и Свети Атанасиј. Во конхата на апсидата е допојасната претстава на Богородица со Христос во конусовиден медалјон на градите. Во проскомидијалната ниша е насликан Свети Стефан. Од двете страни на апсидата е претставено Благовештението. Над Богородица е пророкот Давид, а над Архангел Гаврил е пророкот Соломон. Меѓу пророците е претставата на Светото Тројство. На јужниот ѕид во олтарот е насликан Свети Никола, а во првото подрачје над него е Рождеството Христово. Во наосот, на јужниот ѕид, следат од исток кон запад во првото подрачје, под прозорецот, Свети Илија како храни гавран во пештера, Вознесението Илиево, Светите врачи Кузман и Дамјан и Свети Трифун. Во второто подрачје е Крштението Господово, Влегувањето во Ерусалим и Тајната вечера. На западниот ѕид, јужнјо од влезот, е претставен Архангел Михаил како му ја вади душата на богатиот, над влезот е натписот, а северно од него се светите Константин и Елена. Над првото подрачје е Успението Богородично, а во горниот дел е Вознесението Богородично in corpore. На северниот ѕид, во првото подрачје, се насликани светите маченички Петка и Недела, проследени од Свети Меркуриј, Свети Василиј Велики, Свети Јован Златоуст, Свети Григориј Богослов, а во олтарот е Видението на Свети Петар Александриски. Во второто подрачје на северната стена од запад кон исток се насликани обесениот Јуда, Христос пред Пилат, Распетието Христово, Оплакувањето Христово и во олтарот Мироносците на Христовиот гроб и Воскресението Христово.[3]

Икони и иконостас

Од живописот од XIX век на иконостасот се зачувани Архангел Гаврил на проскомидијалната врата, царските двери со Благовештението по средината и пророците Соломон и Давид во горното подрачје, и архијереите Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст под Архангел Гаврил и Свети Спиридон и Свети Григориј под Богородица. Од престолните икони сочувани се „Исус Христос“, „Свети Харалампиј“, „Свети Димитрија на коњ го убива војникот“ и „Света Недела“ со приметно натсликување. Другите два реда икони од иконостасот не се во црквата.[4]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads